Финска воведе нов збор во својот речник, а се однесува на една (за многумина) многу сакана активност – пиење алкохол додека си испружен дома на каучот само по долна облека. Или на фински, Kalsarikännit.
За да го прослават подновувањето, направија и посебен емотикон кој ќе се користи во апликациите за комуникација. Така, наместо да објаснувате дека „не ми се излегува денес, планирам да се оптегнам со пиво како Хомер Симпсон“, можете само да го штракнете соодветниот стикер.
Патем, овие емотикони се дел од колекција од вкупно 56, кои исто така се однесуваат на слични конкретни активности. Ние само го издвојуваме фаворитот.