Finance Think: Скоро 70% Македонци не можат да си дозволат одмор

Анкетата на Finance Think спроведена лани, покажува поразителни резултати за сиромаштијата во Македонија, до тој степен што 78% жители не можат да си дозволат секој месец да купат барем по едно ново парче облека.

Имено, според анкетата 69 отсто од граѓаните не можат да си дозволат да одат на одмор или патување еднаш годишно. 91 отсто не можат да си дозволат козметички третман или масажа еднаш месечно, 78 отсто не можат да си дозволат да купат ново парче облека или обувки еднаш месечно.

34 отсто не можат да си дозволат ништо, 76 отсто не можат да возат автомобил секој ден, 68 отсто не можат да си дозволат театар или кино еднаш месечно, а 59 отсто не можат да си дозволат да јадат во ресторан еднаш месечно.42,1 отсто успеваат да ги задоволат само потребите за храна и сметки, а 28 отсто не успеваат ниту тоа.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите
- Реклама -