Финале за македонските каратисти на Европското универзитетско првенство во Куимбра, Португалија

 

Македонските каратисти, членови на скопски „Макпетрол“, кои учествуваат на Европското универзитетско првенство во Куимбра, Португалија, вчера во елиминацискиот дел од првенството постигнаа извонреден успех.

Петар Заборски во категорија -75 килограми и Сара Радичевска во категорија -50 килограми се пласираа во финалето. Со тоа го обезбедија сребрениот медал и ќе се борат за златото.

Заборски ќе се сретне со натпреварувач од фаворизираните Португалци – Де Пина Родриго Мацедо. Радичевска во финалната борба за противник ја има Португалката Леал Сара, додека пак Наташа Стефановска во категорија -61 килограм ќе се бори за бронзениот медал со Гарсиа Аура од Шпанија.

Борбите за медали по натпреварувачката програма се во текот на денешниот ден.

- Реклама -