Филмски претседатели: Кој ќе го добие вашиот глас? (видео)

airforce-one_l.jpg Како што националната дебата во Америка расте за тоа кој ќе биде подобар претседател, Џон МекКејн или Барак Обама, ние Ве покануваме да одговорите на прашање речиси исто толку “важно”. Кој филмски претседател Вие мислите дека би бил најдобар Врховен Командант во реалниот живот? Ви претставуваме неколку, па направете го вашиот избор.   

Како што националната дебата во Америка расте за тоа кој ќе биде
подобар претседател, Џон МекКејн или Барак Обама, ние Ве покануваме да
одговорите на прашање речиси исто толку “важно”. Кој филмски
претседател Вие мислите дека би бил најдобар Врховен Командант во
реалниот живот? Ви претставуваме неколку, па направете го вашиот
избор.  

Мајкл Даглас како Претседателот Ендрју Шепард во “The American President”.
    Претседателот Шепард,вдовец,по истекот на неговиот мандат, се впушта во романтична врска со една лобистка со сомнително минато.Баш во времето кога тој повторно сака да биде избран,тој е напаѓан од јавноста,а и од неговиот главен конкурент.Но,и покрај сите напади,тој не бега да се соочи со јавноста,и се заложува за тоа тој што верува,по секоја цена.

{youtube}mWRVbWMvi7c{/youtube}

 Морган  Фримен како Претседателот Том Бек во “Deep Impact”.
    Кога научниците ќе откријат астероид долг 7 милји кој би можел да ја уништи Земјата,планот на Претседателот Том Бек е да изгради пештери кој би можеле да  заштитат еден милион луѓе(за другите,Божја волја).Но сепак, Претседателот го спасува човештвото.
Морган Фримен како Том Бек покажува огромна самодоверба и дефинитивно е Претседател кој би сакале да го имате.Смирен е во клучни моменти,и тоа му помага да донесува вистински одлуки.А и плус,искрен е,си кажува како што е.

{youtube}jlO7zjdB_uo{/youtube}

Џон Војт како Претседателот Рузвелт во ”Pearl Harbor”
    Видеото кое следи кажува се.Кога неговата земја е изненадно нападната од Јапонија,Претседателот Рузвелт,инвалид во количка,покажува огромна издржливост,и е пример за целата нација.

{youtube}M_mMhqMpPno{/youtube}

 Бил Пулман како Претседателот Томас Ј.Витмор во “Independence Day”
    Кога нашата планета е нападната од вонземјани,очите на целата нација се вперени во Претседателот Витмор.Тој ја спасува нашата планета,покажувајќи одлично водство и сила.Не само што изнесува инспирирачки говор како овој,туку и е посветен семеен човек…и знае да пилотира Ф-18.Кој не би го следел во битка?

{youtube}oRGUqd_M6Mg{/youtube}

Кевин Клајн како Претседателот Бил Мичел (и како Дејв Кович) во “Dave”
    Нема да најдете “понормален и пообичен човек” во Белата куќа од Дејв Кович.Тој е “шампион” на бездомниците,и се залага секој Американец да има работа.Само што има еден проблем…тој само го глуми Претседателот Бил Мичел,не е вистинскиот Претседател.Како и да е,верувам дека многумина би гласале за овој “обичен” човек.

{youtube}QEDkNFgScmM{/youtube}

 Харисон Форд како Претседателот Џејмс Маршал во “Air Force One”
    Неговата политика:никогаш не преговарај со терористи. Дури и ако го нападнат претседателскиот авион и го држат твоето семејство како заложници. Наместо тоа,однесувај се како Брус Вилис, и “реши” се од терористите, еден по еден.
    Храбар Претседател за кој сите би гласале, без сомневање. На следново видео не е неговиот говор, туку како се ослободува од последниот терорист, Гери Олдман.

{youtube}238y_E0zZK0{/youtube} 

Лесли Нилсен како Претседателот Харис во “Scary Movie 4”
    Секако, не можат сите Претседатели да бидат храбри и одлучни како претходните. За жал, има и…па, вакви.

{youtube}lrC9Pe6Qmw4{/youtube}

Хју Грант како Премиерот Дејвид во “Love,Actually”
    Да, знам дека не е Претседател,ама едноставно мора да го погледнете и ова видео.Британскиот Премиер му се спротиставува на Американскиот Претседател(Били Боб Тортон).После ова, сигурно и Хју Грант би  добил некој глас .

{youtube}PDiqDIWKSuw{/youtube}

Па, кој е Вашиот фаворит?

- Реклама -