Репетитивни филмски постери – тренд за 2013

Се чини како да филмската публика повеќе не сака главните херои да ги гледаат во очи. Важно е да е брзо, валкано, и најважно, од позади.

Неодамна се појави првиот постер од претстојниот научно-фантастичен трилер After Earth во режија на M. Night Shyamalan. Но, ако обрнете поголемо внимание на филмскиот свет годинава, и оние што се најавени за наредната, ќе забележите дека дизајните на постерите се неверојатно слични едни со други. Всушност, изгледа како секој филм кој треба да излезе на големото платно идната година да има различна верзија од истиот постер.

Во септември екипата од Dreamworks Animations го издаде овој постер за The Croods:

1film

 

Еден месец подоцна, Marvel Studios ни го покажа ова парче за Iron Man 3:

2film

 

Потоа, од Paramount Pictures го добивме овој постер за Star Trek Into The Darkness:

3film

 

4 дена подоцна, следеше Oblivion на Universal Pictures:

4film

 

По само неколку дена, Warner Bros го објавија постерот за Jack The Giant Slayer:

5film

И, само за да се добие целосната слика, еве го и постерот за After Earth на Columbia Pictures:

6film

Тоа се шест практично идентични филмски постери за претстојната 2013 година од шест различни студија, кои беа издадени во вкупно четири месеци.

Иако ова се случува веќе со години, и намалената креативна сила во Холивуд е и повеќе од очигледна, сега веќе станува легитимен проблем. Една работа е студијата да издаваат глупави, генерички дизајни неколку пати во текот на една година, но кога сите се објавени во исто време, постои опасност од хомогенизација. Сериозните филмски љубители можеби немаат проблем со ова, но човек кој повремено ги посетува кино салите веројатно нема да може да ја пронајде разликата помеѓу сите овие постери.

А тоа што ја прави ситуацијата уште по комична, е тоа што филмските студија ќе останат без финансии, бидејќи ќе го преплават пазарот со слични продукти.
Ако сите филмови наликуваат едни на други, луѓето ќе морат да решат дали сакаат да потрошат пари на истото нешто два пати. А тоа ќе му штети на бокс-офисот.

- Реклама -