Септември започнува со враќањето на Riddick на големото платно, комедиите Hell Baby, Don Jon и The Family ветуваат многу смешни мименти, не очекуваат хорори, трилери и секако филмскиот спектакл за формула еден трките од седумдесетите во кој централно место има ривалството помеѓу Ники Лауда и Џејмс Хунт.
Во продолжение погледнете ја листата на филмови кои според нас привлекуваат најголемо внимание, а своите премиери ги имаат закажано за септември.
Riddick
Жарн: СФ/Акција
Датум на издавање: Септември 6 (САД)
[youtube]http://youtu.be/UYDtVwyekZY[/youtube]
Riddick (Vun Diesel) е оставен за мртов на планета на која изгледа дека нема живот. Наскоро ќе пронајде суштества далеку посмртоносни од било кој човек кој досега го сретнал. Единствен начин да избега од планетата е да испрати сигнал до истите ловци на уцени кои сакаат да го убијат, со цел да дојде во посед на вселенски брод.
Режисер на филмот е David Twohy а останатите улоги ги играат: Karl Urban, Katee Sackhoff, Jordi Mollà и други.
Hell Baby
Жарн: Комедија
Датум на издавање: Септември 6 (САД)
[youtube]http://youtu.be/6AaaoMfbx0o[/youtube]
Откако Јек (Rob Corddry) и неговата трудна жена Ванеса (Leslie Bibb) ќе се вселат во нивиот нов дом во Њу Орленс, веднаш ќе забележат дека нешто не е во ред. Најпрво ќе дознаат дека во домот се случиле голем број на убиства…. Ванеса почнува да се однесува чудно и набрзо дознаваат дека бебето кое таа го носи е поврзано со темното наследство на куќата.
Режисери и сценаристи на филмот се Thomas Lennon и Ben Garant, а во останатите улоги се појавуваат: Alex Berg, Keegan Michael Key, Robert Ben Garant и др.
Salinger
Жарн: Документарец
Датум на издавање: Септември 6 (САД)
[youtube]http://youtu.be/5IPsCA6ttbc[/youtube]
Шејн Сaлeрно, режисерот на новиот документарен филм ”Селинџер”, работел околу девет години на документарниот филм и книгата за Џ.Д.Селинџер. Документарецот се обидува да навлезе во мистериозниот живот на познатиот автор, да ги истражи последните години на неговиот живот каде што повлечен од медиумите и јавниот живот. Селинџер продолжил да пишува, иако ни една книга од тој период не е објавена ниту пак постои цврст доказ дека воопшто има напишано некоја книга. Повеќе за филмот прочитајте тука.
Insidious Chapter 2
Жарн: Хорор/Трилер
Датум на издавање: Септември 13 (САД)
[youtube]http://youtu.be/_iSGmcG9ghs[/youtube]
Режисерот James Wan и сценаристот Leigh Whannell повторно се обединуваат со актерската екипа составена од Patrick Wilson, Rose Byrne, Lin Shaye, Barbara Hershey и Ty Simpkins во продолжението на хоророт Insidious, кој ја следи фамилијата Ламберд во обидот да ја откријат мистериозната тајна од детството која опасно ги поврза со светот на духовите.
The Family
Жарн: Акција/Комедија
Датум на издавање: Септември 13 (САД)
[youtube]http://youtu.be/nwZNypYmPFE[/youtube]
Во оваа акциона комедија, поранешен шеф на мафија Фред Блејк (Robert De Niro) и неговата фамилија се преместени во мал Француски град, како дел од програма за заштита на сведоци. И покрај големите напори на агентот Стансфилд (Tommy Lee Jones) да ги држи во ред, Фред, неговата жена Меги (Michelle Pfeiffer) и нивните деца неможат да се воздржат од решавање на проблемите на „мафијашки“ начин. Откако мафијашите против кои Фред сведочел ќе дознаат за нивната локација настанува вистински хаос.
Филмот е направен по книгата Malavita од Tonino Benacquista кој исто така е и задолжен за сценариото, а режијата е на Luc Besson.
Prisoners
Жарн: Трилер/Драма
Датум на издавање: Септември 20 (САД)
[youtube]http://youtu.be/bpXfcTF6iVk[/youtube]
Откако керката на Келер Довер (Hugh Jackman) и нејзината другарка ќе бидат киднапирани, тој решава да ги земе работите во свои раце. И покрај тоа што полицијата предводена од детективот Локи (Jake Gyllenhaal) работи напорно за да ги пронајде, Келер ќе направи се што е во негова моќ да го присили првоосомничениот да проговори за нивната локација, додека не стане предоцна.
Останатите улоги ги играат: Paul Dano, Maria Bello, Viola Davis и др. Режисер на филмот е Denis Villeneuve.
Rush
Жарн: Акција/Биографија/Драма
Датум на издавање: Септември 13 (ОК), Септември 27 (САД)
[youtube]http://youtu.be/QKAr42gxjhM[/youtube]
Филмот го следи ривалството од седудесетите помеѓу звездите на Формула 1, Ники Лауда (Daniel Brühl) и Џејмс Хунт (Chris Hemsworth). „Rush“ ќе се обиде да на спектакуларен начин да ни покаже едно од најголемите спортски ривалства во историјата.
Режијата во филмот е на Ron Howard, останатите улоги ги играат: Olivia Wilde, Natalie Dormer, Tom Wlaschiha и други.
Cloudy With a Chance of Meatballs 2
Жарн: Анимација/Комедија/СФ
Датум на издавање: Септември 27 (САД)
[youtube]http://youtu.be/jw6dECrl-BE[/youtube]
Флинт Локвуд сега работи во „The Live Corp Company“ за неговиот идол Честер V. Присилен е да го напушти своето работно место кога ќе дознае дека неговата неславна машина сеуште работи и произведува злобни чудовишта направени од комбинирање на храна и животни.
Don Jon
Жарн: Комедија
Датум на издавање: Септември 27 (САД)
[youtube]http://youtu.be/RAhtdVdc3Y4[/youtube]
Џозеф Гордон – Левит ќе го направи своето прво долгометражно режисерско филмско деби со филмот “Дон Џон” на 27ми Септември. Воедно тој е сценарист и ја игра главната улога во филмот. Комедијата раскажува за Дон Мартело (Џозеф Гордон – Левит) кој е посветен на својата фамилија, пријатели, црквата во која што оди, но развива нереални очекувања од гледање порно филмови и пробува да најде среќа и интима со неговата потенцијална вистинска љубов играна од страна на Скарлет Јохансон.
Metallica Through the Never
Жарн: Акција/Музички
Датум на издавање: Септември 27 (IMAX), Октомври 4 (САД)
[youtube]http://youtu.be/N4IhWJ8r7_4[/youtube]
Режисерот Nimród Antal ги здружува силите со еден од највлијателните рок бендови во историјата, Металика. Производ на тоа е спектакуларниот 3д филм „Metallica Through the Never“. Филмот комбинира акциона приказна, феноменална пиротехника и се разбира музички перформанс од бендот кој е познат по своите настапи во живо.
Приказната го следи младиот фан, Дан ДеХаан низ пост-апокалиптичниот урбан свет. Металика испорачува енергичен сет во живо ексклузивно снимен за потребите на филмот, кој го отсликува хаосот во патувањето на Дан ДеХаан.
Текстот е објавен во соработка со MkKod