Сцена како од филмовите на автопат на југот на Италија. Украдени се над 2 милиона евра, пренесува Reuters.
Грабежот се случил во средата, откако блиндираното комбе со пари наменети главно за пензии во месноста Матера, го напуштило градот Бари. Тогаш патот му бил блокиран од два камиона, а веднаш било заобиколено и од багери, кои ограбувачите ги искористиле за да го отворат комбето небаре како да е конзерва.
Bari commando armato rapina furgone portavalori. Il mezzo è stato bloccato e scardinato con una ruspa. Bottino due milioni di euro. I rapinatori sono in fuga. Tra poco al #Tg3 pic.twitter.com/ysCtDuzLCg
— Tg3 (@Tg3web) January 2, 2019
Откако ги земале парите, ограбувачите ги запалиле камионите, по што избегале со подготвено возило кое ги чекало на местото на грабежот.
Иако ограбувачите биле наоружани, ниту еден од тројцата чувари на комбето не е повреден.
Како што пренесува RT, багерите никому не му биле сомнителни бидејќи во близина се извршувале градежни работи на автопатот. Според медиумите, во грабежот учествувале најмалку 4-5 лица, што е и очигледно. До овој момент сите се во бегство, а со оглед на генијалноста на планот, не е чудно и никогаш да не бидат фатени.
#Bari, spettacolare rapina ad un furgone portavalori sulla statale 96 barese. La banda ha bloccato la strada con 2 camion dati alle fiamme e poi ha sventrato il mezzo con una ruspa. E' caccia ai rapinatori. Al #Tg2rai ore 20,30 pic.twitter.com/1m2ANjp4aY
— Tg2 (@tg2rai) January 2, 2019