Луѓето генерално сакаат да замислуваат како светот ќе излгеда еден ден и со тоа стануваат големи љубители на филмовите со научна фантастика.
Денес, тие се сведоци на една реалност која некогаш ја гледале на своите екрани, воодушевувајќи се на некоја идна технологија. Мобилни телефони, е-киниги, видео повици, онлајн купување… сето тоа некогаш било филмска фикција. Следат неколку филмови чии теми денес стануваат дел од реалноста.
The Truman Show (Шоуто на Труман)
Долго време пред експанизјата на популарните реални емиции, филмот „The Truman Show“ (1998) го прикажува Труман (Џим Кери), обичен човек кој не ни знае дека неговиот живот секојдневно се снима и го следат милиони гледачи. Целата земја е фасцинирана од неговиот живот, иако никогаш ништо особено не се случува. Денес се широко распространети вакви телевизиски програми како што се „Големиот брат“, „Фарма“, „Во чекор со Кардашијан“ и слични.
Blade Runner (Блејд Ранер)
Научно-фантастичниот филм од 1982 година ја покажува иднината во која за човековите потреби страдаат андроидите (хуманоидни роботи) кои по неколку години употреба се отфрлуваат. Поголемата денешна технологија брзо застарува и се заменува со нови и подобри модели. Мобилните телефони стануваат застарен модел за неколку години, и пред да се навикнеме на истите се појавуваат нови модели.
Star Wars (Војна на ѕвездите)
Можеби се уште не се измислени ласерските мечеви, но достигнувањето во областа на креирањето на роботски екстремитети за ампутирани делови од телото веќе широко ја нашле примената. Неодамна е одобрена употребата на Deka раката, или т.н. „Раката на Лук“, инспирирана од роботската рака на Лук Скајвокер од серијалот „Војна на ѕвездите“. Оваа бионичка рака е контролирана од умот и овозможува вршење на комплексни активности како и кревање на работи. Се базира на работата на електричните сигнали кои ги контролираат мускулите на човекот.
2001: A Space Odyssey (Одисеја 2001)
Филмот на Стенли Кјубрик од 1968 година предвиде многу нешта кои го содржат модерниот живот. Употребата на електронски таблети, видео повиците тогаш биле незамислива фикција, а денес се општ начин на комуникација. Истражувањето во вселената, исто така, се значително проширени. Веќе следната година по објавувањето а филмот се случило првото слетување на Месечината (1969), а потоа заживеала и примената на роботиката во вселенските истражувања.
Eternal Sunshine of the Spotless Mind (Вечниот сјај на беспрекорниот ум)
Во филмот од 2004 година, ликовите кои ги толкуваат Џим Кери и Кејт Винслет, ги избишале сите спомени од нивната љубовна врска и нивносто постоење, со цел среќно да продолжат со својот живот по болното раскинување на врската. Истражувачите од Универзитетот Мекгил во Монтреал долго време работат на теоријата дека болните сеќавања можат да се изолираат и да се избишат со електрошок терапија. Целта е да им се помогне на луѓето кои поминале низ трауматични и насилни искуства. Проблем може да се појави кога луѓето почнуваат да ги изберат своите спомени кои сакале да ги избришат.