Компанијата „DDDDream International Media“ од Пекинг ги откупи правата за прикажување на филмот „Трето полувреме“ во Народна Република Кина.
По прикажувањето на филмот на фестивалот во Пекинг, „Трето полувреме” ќе се прикажува и во кината во оваа држава, информира „Кино Око продукција“.
Освен во НР Кина, филмот е продаден и во Франција, Јужна Кореја, Австралија, Нов Зеланд и Тајван, а во тек се преговорите за негова продажба во САД и Канада.