Тринаесетото издание на фестивалот на европски филм CINEDAYS ќе е одржи од 13 до 22 ноември.
Во кујната за магичните напивки, повторно, и повторно, и повторно…, грст волшепства:
Повеќе од 100 филмови;
200 гости;
10 концерти (муз. ноќи);
5 филмски работилници;
Во двете главни натпреварувачки програми на фестивалот, Официјалната селекција и селекцијата СИНЕБАЛКАН, ќе погледнеме филмови кои отсликуваат извонредни приказни, со одлични примери како замислените ликови се борат да изградат меѓучовечка солидарност помеѓу етникумите, нациите, конфесионалностите, генерациите, социјалните класи…, па дури и помеѓу ближните. Во овие петнаесетина филмови, ќе имаме можност да погледнеме нови, амбициозни автори, чии првенчиња и/или веќе втори долгометражни филмови се наградени ширум филмските фестивали во Европа. Овие автори, повторно селектирани од Бернд Будер, нè канат на патување низ повеќеслојни пејзажи, исполнети со ликови со убедливи животни искуства, храбар дух, и свеж пристап кон нивното општествено опкружување. За наградите во овие натпреварувачки програми, ќе одлучуваат двете меѓународни жири комисии, сочинети од наградувани режисери, филмски критичари, и професори од разни страни на светот: Бразил, Грузија, Велика Британија, Италија, Германија…
Годинава, во програмата ЗЕМЈА ВО ФОКУС, селекција на најрепрезентативни бразилски филмови за програмата. Легендарни филмски класици, и современи филмови: “City of God” режиран од големиот Фернандо Мирелеш; комедијата “Госпоѓа Флор и нејзините двајца сопрузи” – Бруно Барето; култниот “Bye Bye Brasil” – Карлос Диегеш; најпознатиот бразилски филм на сите времиња – “Black Orpheus” – Марсел Ками; репрезентативниот “Brasil Central station” – Валтер Салес…
CINEDAYS традиција – MK кратки филмови на младите перспективни македонски режисери:
“Bale” – Гоце Кралевски; премиера на анимираниот филм “Empty Minds” на Антонио Аранѓеловиќ попознат како Tonyo San од скопската Green Out; како и филмот на младата Ана Опачиќ, “Yellow Parasol”.
CINEDAYS и фестивалот DORF од Хрватска, посветен на музички документарни филмови, приготвија неверојатно возбудлива програма на музички документарни филмови:
“Breadcrump Trail“ на култниот режисер Ленс Бенгс (Pavement, Sonic Youth, Nirvana, Jackass…), филм за уште покултниот пост-рок бенд Slint; Следи приказната на Ник Кејв и неговите долгогодишни соработници Иан Форсајт и Џејн Полард, во исчекуваниот планетарно успешен ”20.000 Days on Earth“; Особено горди на филмот ”Beautiful Noise“, чија регионална премиера ќе е токму во Скопје. Филм за великаните My Bloody Valentine, Jesus&Mary Chain, Cocteau Twins, Ride…; За љубителите на хип-хопот, долгометражниот ”Our vinyl weights a ton“, за одличната Stones Throw Records – продуцентската куќа заслужна за некои од најпрогресивните и најинтересните хип-хоп изведувачи и албуми; “Hard Soil” – за маргиналните андерграунд панк-рок изведувачи, кои ги воодушевуваат љубителите на автентичниот, органски рокенрол; Уште еден автентичен “маргиналец” во годинешниот избор е и филмот за Марко Брецељ – легендарниот член на Булдожер, кантавторот кој ја задолжи словенечката култура; “Finding Fela!” на Алекс Гибни, за африканаската џез легенда Фела Кути; премиера на филмот “Денот да е радосен” на Љубица Поповска (за скопскиот бенд Културно Уметнички Работници); филмот “Time to improvise” за современата џез сцена; и конечно, филмот за легендарниот манчестерски бенд The Stone Roses.
Од придружната програма, голема регионална работилница за филмска камера која финансиски е поддржана од европскиот фонд за поддршка на кината Еуримаж. Во оваа работилница, светски реномирани и наградени кинематографери ќе држат мастер предавања на студенти од филмските академии во Романија, Србија, БиХ, Косово, Албанија, Бугарија, Македонија…
На CINEDAYS, ќе гостува работно, еден од најголемите релевантни филмски критичари – Бојд Ван Хој кој пишува за Holywood Reporter, Variety, The Times… Бојд во рамките на фестивалот ќе одржи работилница за филмска критика.
И оваа година во соработка со Агенцијата за филм на РМ во рамките на фестивалот ќе се реализира регионална (проширена) EAVE тренинг работилница со светски експерти за развој на филм за македонските филмски продуценти.
Како дел од проектот OFF DORF, ќе се одржи и конференција на тема: “Музичките документарци во транзицискиот XXI век” чиј модератор ќе биде Тони Шариќ, посветена на проблемите и препреките на овој специфичен филмски жанр. Како дел од оваа програма свој настап ќе има битбоксерот Lil’ Bear заедно со локален хип хоп артист.
Во соработка со големата македонска компанија за анимација и визуелни ефекти во филм – Fx3x, CINEDAYS ќе ја нагости и Виржини Бурдан, светски аниматор и специјалист за визуелни ефекти, дел од најголемата светска компанија за визуелни ефекти Moving Picture Company. Во текот на својата кариера, заедно со својот тим Бурдан работи на повеќе од 30 филмови, меѓу кои и : “X-Men“, серијалите “Хари Потер“ и “Нарнија“, “Прометеј“, “Кодот на Да Винчи“… Бурдан ќе одржи работилница на тема: “Успешно донесување одлуки во VFX дизајн”.
Оваа година CINEDAYS оствари соработка со еден од најстарите европски фестивали посветени на квир кинематографијата – Queer Lisboa од Лисабон, Португалија од каде ќе ни гостува директорот и уметничкиот селектор на фестивалот со селекција на филмови.
Во музичката програма на фестивалот ќе има мноштво концерти, и настап на една од најпознатите современи артисти Jan Rostron или планетарно познатата Planningtorock.
За крај, во “билет повеќе”, ГАЛА програмата.
“Boyhood” на Ричард Линклатер филм сам по себе “филмско чудо”, сниман повеќе од 12 последователни години;
последниот филм на трагично починатата ѕвезда Филип Сејмур Хофман – “A Most Wanted Man” – Антон Корбијн;
“Maps to the stars“ – Дејвид Кроненберг;
“Two Days, One Night” – браќата Дарден;
контроверзниот “Nymphomaniac” во два дела, од уште поконтроверзниот Ларс вон Трир;
“Is the man who is tallest happy?” – ексцентричниот режисер Мишел Гондри со филм сочинет од најсочните тези и промисли на големиот мислител на денешницата, Ноам Чомски;
Омнибус вечер на CINEDAYS:
“Bridges of Sarajevo” – погледи на големите Жан Лик Годар, Сергеј Лозница, Урсула Мејер, Кристи Пуиу, Аида Бегиќ…, кон 100те години од Првата светска војна; и
“Rio, I Love you” – погледи на големите Паоло Сорентино, Фернандо Меирелеш, Џон Туртуро, Хозе Падилја… за егзотичната бразилска престолнина;
“Adieu Au Langage” – професорот Жан Лик Годар;
“Jimmy’s hall” – Кен Лоуч;
За сладокусците на “истокот”:
“Belye nochi pochtalona Alekseya Tryapitsyna” – Андреј Кончаловски;
“Leviathan” – Андреј Звијагинтцев; и победникот на Карлови Вари, “Corn Island”, режисерот на филмот, Џорџ Овашвили – ексклузивен гостин на CINEDAYS;
Да продолжиме со победниците од престижните фестивали и/или во знајниот здив на CINEDAYS традицијата:
најдобриот од Берлин, “Black coal, thin ice” – Јинан Диао;
најдобриот од Кан, “Winter’s sleep” – Нури Билге Џејлан;
најдобриот од Венеција, “A Pigeon set on a branch reflecting on existence” – Рој Андерсон;
“The Cut” – култниот Фатих Акин;
“One – to – One” – Ким ки Дук;
“Laus” – Бранка Бешевиќ Гајиќ, посветен на актерот Жарко Лаушевиќ;
“Birdman” – Алесандро Гонзалес Ињариту;
најголемиот претендент за овогодишниот Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје, “Ida” -Павел Павликовски;
“The salt of the Earth” – Вим Вендерс;
“Magic in moonlight” – “вдомениот” CINEDAYS режисер, Вуди Ален;
и за крај, ќе има ил нема споменик на Мајкл Џексон в ГТЦ???!
“Spomenik Majkl Djeksonu” – Дарко Лунгулов, филм со кој ќе се отвори овогодинешното 13то издание, филм од кој пред сладокусците в кино Милениум, ќе се поклони огромен дел од екипата на филмот…
Оваа 2014 година, 22 ноември, CINEDAYS нема да биде затворен со филм. За затворањето, ексклузивен концерт во кино Милениум, Оркестарот на Македонската филхармонија, концерт на филмска музика (музички избор од најдобрите европски филмови во неколкуте изминати години).
Време е за филмско уживање!