Филипинскиот претседател полазен од бубашваба додека држеше говор (ВИДЕО)

Голема бубашваба го полази филипинскиот претседател Родриго Дутерте додека говореше на предизборен собир во средата. Изборите се во понеделник, па Дутерте учествува во кампањата на својата партија.

Меѓутоа, бубашвабата го одвлече, барем за момент, вниманието од изборите, и дел од него насочи кон асистентката на Дутерте, која со видлив израз на страв и гнасење имаше нерешителен обид да го спаси претседателот од инсектот. Овој пак, без многу да се вознемири, ја истресе бубашвабата од себе и порача дека веројатно ѝ припаѓа на опозицијата.

Се разбира, сеирџиите и противниците на друштвените мрежи не останаа покуси. Му порачаа дека познато е дека бубашвабите одат по ѓубре, а поголемо ѓубре од него нема.

А навистина, Дутерте не е познат како цвеќе за мирисање, напротив, познат е по пцовките и некултурните и навредливи говори, од кои не е изземен ниту Папата Франциск.

*Ако не можете да го отворите видеото и ви покаже известување „Video unavailable“, кликнете на „Watch on YouTube“ за да го гледате директно на сајтот на YouTube.

- Реклама -