Филипинскиот гимнастичар Карлос Јуло (24), кој освои два златни медали на Олимпијадата во Париз, во својата земја беше пречекан како херој со бројни награди вредни над еден милион долари.
Јуло за двете златни одличја од филипинската Влада ќе добие парична награда од околу 350.000 долари, а од Претставничкиот дом уште 100.000 евра.
Подароци на гимнастичарот му врачија и бројни бизнисмени и филипински компании. Јуло доби стан со површина од 100 м2 во градот Тагуиг, двата водечки авиопревозници во земјата му ветија бесплатни авионски билети доживотно, а на подарок доби и разни козметички производи, бесплатни оброци, слатки производи, лекарски прегледи …
Локалната платформа за стриминг му овозможи доживотен пристап до целата нејзина содржина, а дарежливи награди беа објавени и од неговиот роден град Манила.
Филипинскиот гимнастичар Јуло на Игрите Париз злато во натпреварувањата на партер о во прескок.