Филипче: Законот за бранители излегува во пресрет на граѓаните, нема подгревање на меѓуетнички тензии

Законот за бранители ги задоволува потребите на граѓаните, оние кои изгубиле член на семејство, кои имаат инвалидитет, рече на денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања. Тој негира дека со овој закон се подгреваат меѓуетнички тензии.

– Овој закон е со цел да се излезе во пресрет на реалните потреби и барањата и на тие луѓе што имаат инвалидитет, преживеано и семејствата коишто имаат загинати бранители. Така што сметам дека сè што можеме да направиме во интерес на граѓаните, во задоволувањето на нивните реални потреби ние го правиме и ќе го правиме и понатаму. И тука воопшто нема никаков, никаква димензија на некаква меѓуетничка поделба или некакво подгревање на меѓуетнички тензии, изјави Филипче.

Во однос на реакциите на партиите од албанскиот политички блок, Филипче вели дека се подготвени да отворат дебата и расправа во комисијата, дебата помеѓу парламентарните групи.

– Ние сме спремни да разговараме за сите аспекти, доколку колегите пратеници сметаат дека има таква работа, можеме да отвориме дебата. Можеме да отвориме дебата на комисиска расправа, можеме да отвориме помеѓу парламентарните групи, да видиме за што станува збор, да видиме дали треба некој дополнителен чекор да се направи, да се задоволат барањата на некоја друга категорија или група на граѓани, така што ние секогаш стоиме на тоа да ги задоволиме потребите на граѓаните, изјави претседателот на СДСМ.

Прочитајте и:  Честитка од Ахмети за Денот на албанската азбука: До вчера го унапредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик 

Што се однесува до реакциите на граѓаните, додава дека како партија и поединци ги слушаат реакциите, ги почитуваат, организираат средби со нив. Тој одговарајќи на новинарски прашања, рече дека се подготвени да разговараат.

– Ние имаме комуникации со опремен број граѓани и како партија и како поединци ги слушаме реакциите, ги почитуваме реакциите, организираме средби со граѓаните дури и а пропо тие реакции на социјалните медиуми во голем број случаи ги контактираме директно да ги слушнеме мислењата. Но, тоа што тука од оваа говорница може да кажам е дека како политички инструмент којшто можеме и сакаме да го користиме се инструментите во собранието и на пратеничката група. Ако велите дека има пратенички групи коишто не го поддржуваат и даваат коментар во однос на законот, ние сме подготвени да разговараме, изјави Филипче.

Во однос законот за пензионери, СДСМ ќе го подржи, бидејќи како што рече Филипче, пензионерите тоа го заслужуваат.

– СДСМ ќе го поддржи тој закон, сметаме дека пензионерите тоа го заслужуваат и дополнително на линеарното зголемување на двапати што го најавива Владата, после тоа во законот повторно се враќаат на оној систем на зголемување системот којшто ние го развиваме. Така што ние овој закон ќе го поддржиме, рече Филипче.

- Реклама -