Филипче: Во рекордно време го поставивме новиот монтажен објект на Клиниката за пулмологија (ГАЛЕРИЈА)

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се пофали со завршено поставување на новиот монтажен објект во рамките на Клиниката за пулмологија и алергологија во, како што вели, рекорден рок.

Како што информира тој, поставени се четири амбуланти, кабинети и две засебни простории за дневни болници за сместување амбулантските пациенти, а интензивно се работи и на доопремување на модуларната амбуланта со медицинска и немедицинска опрема.

„Во есенските месеци, бројот на пациенти со белодробни заболувања се зголемува и поради тоа пациентите кои имаат било каква белодробна симптоматологија целосно ги одделуваме од сите други пациенти. Монтажната амбуланта е исклучително важна во наредниот период и ги исполнува најсовремените стандарди за работа“, додаде Филипче.

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури

 

- Реклама -