Филипче со важен апел до граѓаните: Само заеднички можеме да се заштитиме од коронавирусот (прочитајте!)

„Само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме јавното здравје. Јавното здравје е наша заедничка одговорност. Секој од нас може да придонесе за спречување на ширењето на вирусот и е должен одговорно да се однесува“, порача министерот за здравство Венко Филипче.  Затоа, повторно упати апел до граѓаните, со барање да биде што повеќе споделуван:

„Ве молам споделете:

❗️ Доколку сте биле во некој од pизичните региони во северна Италија, останете во самоизолација 14 дена. На тој начин го штитите своето семејство и своите сограѓани. Доколку за време на изолацијата почуствувате cимптоми, контактирајте го (*телефонски) локалниот центар за јавно здравје.

❗️ На властите, на граница или на медицинските лица кажувајте им исклучиво точни информации. Криењето на информации нема да ве заштити ниту вас ниту вашите најблиски. Тоа е неодговорно и кон целото општество.

❗️ Одржувајте лична хигиена и почитувајте ги препораките кои во изминатите 14 дена активно ги комуницираме. На следните линкови се сите потребни информации како да го заштитите вашето здравје и здравјето на другите. 👇

https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2321621368144883

https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1822571701383188/2322718648035155/?type=1&theater

https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/1051142805262303

https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/744504589290200

https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/224914288679038

https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/575452529848454

- Реклама -