На вонредната прес-конференција по повод нови детали за заpaзената директорка како и мерките кои ќе бидат преземени, министерот за здравство Венко Филипче соопшти и дека во моментов на Клиниката за инфективни болести се испитуваат уште осум пациенти со можно присуство на коронавирусот.
Меѓу нив е пациент со cимптоми кој на 26 февруари престојувал во Бугарија, како и неговата сопруга. Се испитува и наш државјанин патник од Сингапур, кој пред 3 дена се вратил во земјава. Се тестираат и четворица членови од поширокото семејство на заpaзените сопружници од Дебар, како и еден пациент од Гевгелија, чиј материјал исто така е испратен за испитување.
Материјалите се пуштени на анализа во исто време, односно резултатите ќе бидат познати и соопштени во една фаза. За исходот, Филипче ќе ја информира јавноста подоцна во текот на денот.