Филипче: Страотна несреќа се случи во ковид центарот во Тетово, се утврдува точниот број на жртви и повредени

„Страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов“, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на Твитер.

Тој посочи дека пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Повредените, пак, итно се траснспортираат во Скопје за да им се даде соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани.

Градоначалничката на Тетово – Теута Арифи, за МИА изјави дека била информирана дека пожарот брзо се ширел и „многу брзо се случиле експлозиите“.

„Апсолутно жалам што се работи за болни луѓе кои биле тука на лекување“, рече Арифи, додавајќи дека допрва се очекуваат информации од полицијата и од болницата.

Како што објавија дел од медиумите, итно кон Тетово се упатиле премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Артан Груби и министерот за здравство Венко Филипче.

- Реклама -