Филипче: Само 0.02% од ревакцинираните се заразиле со коронавирус, вакцините функционираат и се силна заштита

„Вакцините финкционираат и се силна заштита од Ковид – ова е заклучокот од анализите кои ги работевме во изминатиот период“, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Како што информираа од Министерството, од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини, само 96 лица, односно 0.02%, се заразиле по вакцинирањето, при што 56 од нив се заразиле во периодот пред да изминат 21 ден од примената втора доза.

Од заразените, пак, 13 биле хоспитализирани. Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни, иако еден од нив е со тешко хронично заболување, потенцираат од МЗ. Од друга страна, нема ниту еден починат меѓу вакцинираните со две дози, се додава во соопштението.

Според Министерството, досега вкупно се аплицирани  818.295 дози вакцини, а ревакцинирани, како што рековме,  се 330.320 граѓани.

Вчера вкупно се вакцинирале 17.085, од кои прва доза примиле 5.977 граѓани.

Со последните бројки, 62% од населението над 70 години, односно 59% од населението над 65 години, односно 55% од населението над 60 години и 45% од населението над 50 години, имаат примено барем една доза вакцина.

„Вакцините спасуваат животи и се единствена начин да се заштитиме и да го вратиме животот целосно во нормала. #ВакцинирајСе без закажан термин“, порача Филипче.

- Реклама -