Филипче: Пред нас се многу искушенија кои бараат да покажеме поголема зрелост, сплотеност и одлучност

„Пред нас е одговорноста да ја продолжиме изградбата на општество каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности, а нашата земја ќе биде пример за стабилност, толеранција и напредок“, порачува лидерот на СДСМ во честиката по повод 8 Септември – Денот на незавноста  

Нашата држава денес се наоѓа пред многу искушенија, кои бараат од нас да покажеме уште поголема зрелост, сплотеност и одлучност. Пред нас се моменти кога мораме да го зачуваме она што е стекнато со многу труд – демократија, напиша лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче во честитката по повод Денот на незавноста – 8 Септември.  

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче / Фото: Архива

Тој вели дека денешниот 8 Септември и 33 години независност на, како што наведува, нашата Македонија, не потсетуваат на силата, единството и храброста што ја имавме кога избравме патот на суверенитет и самостојност.  

„Во изминатите 33 години, нашата татковина се изгради како независна, суверена држава, одлучна да го заземе своето место на европската и на светската сцена. Овој пат не беше лесен и беше исполнет со предизвици, но и со многу достигнувања. Патот што го избравме пред три децении е потврда на нашата колективна волја за достоинство и просперитет“,

напиша Филипче на Фејсбук.  

Во овие три децении, посочува тој, Македонија ги зајакнала своите институци и обезбедила меѓународна позиција, создавајќи услови за економски и социјален напредок. 

Навраќајќи се на, како што вели, новите предизвици поврзани со понатамошниот пат по кој се движи државата, лидерот на СДСМ порачува дека е време нашата сила и способноста на граѓаните на земјата се искористи за надминување на секоја препрека што стои на патот кон подобро утре.  

„Пред нас е одговорноста да ја продолжиме изградбата на општество каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности, а нашата земја ќе биде пример за стабилност, толеранција и напредок“,

порачува Филипче во честитката.  

- Реклама -