Филипче: Новиот бран е резулат на семејни и други собири во периодот од 23, 24 и 25 мај

Деталната анализа направена изминатите денови покажува дека жариштата се задржани во рамките на територијалните целини и дека нема значајно ширење на коронавирусот надвор од нив, информираше министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Според анализата, околу 65% од активните случаи на Ковид-19 во Скопје се поврзани со познат случај, а од нив 90% спаѓаат во 41 кластер. Слична е состојбата, истакна Филипче, и во другите три кризни региони каде има најголем процент од заболените. И тие се во рамките на истите кластери.

„Оваа кластерска анализа покажа дека речиси сите нови случаи се врзани со некаква форма на собир или прослава во периодот околу 23, 24 и 25 мај, односно точно пред 2 недели, а на што укажа деталната анализа во епидемиолошките прашалници. Овој пик е резултат на тоа и повторно ќе кажам дека непочитувањето на мерките нѐ доведе до овој нов бран“, рече Филипче, додавајќи дека и голем дел од новозаразените во другите скопски општини се должат на истите причини:

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури

„Една од дилемите кои се појавија е ширењето во другите општини во Скопје, надвор од првичните кризни општини Чаир, Сарај, Гази Баба и Бутел, што е и очекувано, зашто Скопје функционира како една целина. Анализата покажа дека и голем дел од овие нови случаи во другите општини – се исто така резултат на семејни собири од истиот период“, рече Филипче.

Што се однесува до предлогот на Комисијата за заразни болести за враќање на полицискиот час, истиот ќе биде разгледуван во текот на утрешната владина седница.

- Реклама -