Филипче: Не е тешко и нема оправдување за тие кои не носат маска и не ги почитуваат мерките

Лекарите и медицинските лица секојдневно работат со заштитни маски и дополнителна заштитна опрема, но и во многу други професии вработените целиот работен ден го поминуваат со заштита, велат од Министерството за здравство, порачувајќи дека „не е тешко и нема оправдување за тие кои не носат маска, кои не ги почитуваат мерките“.

И министерот Венко Филипче апелира да се носат маски и да се почитуваат мерките:

„Носам заштитна маска затоа што водам грижа за моите најблиски – семејство, колеги и пријатели. Затоа што секој од нас има одговорност да се грижи и за здравјето на тие околу себе. Грижата за себе во исто време е и грижа за тебе. Апелирам на почитување на мерките без исклучок!
Само преку носење маска, често миење на рацете и одржување физичка дистанца можеме да го намалиме ширењето на вирусот. Да бидеме одговорни!“, порача тој.

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури

- Реклама -