Филипче: Нашата земја беше примена во една голема студија за избор на најсоодветна терапија за пациенти заразени со коронавирусот

Се вклучува терапијата кај пациентите кај кои може да се даде согласно проценткаата на специјалистите од инфективна медицина.

Нашата земја во текот на вчерашниот ден беше примена во една голема студија за избор на најсоодветна терапија за пациенти заразени со коронавирусот, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конфренција која се одржува во Владата.

-„Солидарити траел“ која што ја води Светската здравствена организација и во којашто се вклучени повеќе земји, каде се анализираат резултатите од повеќе пристапи во лекувањето, имајќи предвид дека сите терапии во овој момент се влезени во клинички студии кои треба допрва треба да се завршат, но веќе се влезени во препораките на повеќе земји, имајќи предвид дека веќе дале добри резултати кај повеќе групи на пацинети- рече Филипче.

Се вклучува терапијата кај пациентите кај кои може да се даде согласно проценткаата на специјалистите од инфективна медицина.

Во текот на следниве денови, истакна Филипче, ќе се тестираат луѓето кои се најдоа затекнати во Дебар, рече министерот.

Слободен печат

- Реклама -