Филипче најави дека угостителските објекти ќе работат до 21:00, угостителите револтирани: А зошто не до 1 часот?

Од 21 јануари, угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, додека сите други мерки против ширење на ковид-19 остануваат на сила, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Меѓутоа, тој најави и дека ќе биде разгледано барањето на угостителите да работат до 23 часот, а одлуката ќе биде донесена во зависност од проценката на епидемиолошката состојба во земјава.

„Работното време до 18:00 часот го ограничивме поради спречување на натамошното ширење на КОВИД-19 вирусот во текот на празниците. Апелирам до сите мерките да се почитуваат“, порача Филипче.

Угостителите, меѓутоа, се револтирани од ваквото решение. Од Независната угостителска комора (НУК) сметаат дека не треба воопшто да има рестрикции на работното време. Тоа го аргументираат со постоењето на протоколи, но и со новите надлежностите со кои сега располага Државниот пазарен инспекторат и можноста инспекторите на лице место да казнуваат и да ги затвораат објектите на оние угостители кои не ги почитуваат протоколите. Тие сметаат дека целиот угостителскиот сектор не смее да биде заложник на таквите неодговорни угостители. Повеќе на „Слободен печат“.

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури

 

- Реклама -