Филипче: Моја најголема заложба и желба е вакцинацијата да ја завршиме што побрзо (ВИДЕО)

„Моја најголема заложба и желба е вакцинацијата да ја завршиме што побрзо. Затоа, сѐ што е во наша надлежност правиме исклучително брзо и професионално, а подготовката за вакцинација ја спроведовме навремено и ефикасно. Денес имаме добро поставен и ефективен механизам за вакцинирање, кој започна да се спроведува“, порачува министерот за здравство Венко Филипче, во видео обраќање до граѓаните по повод 7 април – Светскиот ден на здравјето.

Вакцинацијата е единствениот начин да го победиме вирусот, но, за жал, таа не се одвива со посакуваното темпо никаде во светот – додава министерот, посочувајќи дека побарувачката на вакцини е огромна, а капацитетите на производство се ограничени.

Во обраќањето, Филипче изразува увереност дека малата достапност на вакцини во светот наскоро ќе биде минато, а  потоа, вели, властите деноноќно ќе работат за што пократко време да вакцинираме што поголем број на граѓани.

„Барам трпение, разбирање и почитување на мерките додека се надмине овој период“, порачува Филипче.

- Реклама -