Филипче ќе подели 43.000 бесплатни маски против загадување за хронично болните

Фото: Борче Поповски

Маски за заштита од аерозагадувањето ќе добијат 43.000 хронично болни граѓани, соопшти министерот за здравство – Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање.

Филипче, Министерството за здравство и Министерството за животна средина и просторно планирање се апсолутно свесни дека маските не го решаваат проблемот со аерозагадувањето, истакна тој, но дека сепак треба да се најде начин да се поделат и дистрибуираат маските, бидејќи сепак и тоа е некаква форма на заштита.

Сé уште се работи на утврдување на бројот на децата и начинот на кој би им се поделиле маските на најранливите.

 

Прочитајте и:  Министерство за животна средина: Ги интензивираме активностите за чист воздух
- Реклама -