Филипче: Граѓаните посакуваат промени и нормален живот, и тоа ќе стане реалност.

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека граѓаните јасно ја препознаваат реалната состојба во државата и дека посакуваат промени и подобар живот. Тој нагласи дека времето на манипулации и прикривање на вистината завршува, а граѓаните се подготвени за трансформации.

„Ова е крајот. Граѓаните не се ни слепи ни глуви. Веќе нема место за мачкање очи. Народот сака промени и тие ќе се остварат. Ние немаме време за губење,“ изјави Филипче.

Тој истакна дека граѓаните повеќе не прифаќаат криминал, корупција и лоши услови за живот, туку бараат достоинствен живот, стабилност и функционална држава.

„Никој не сака криминал и корупција, никој не сака лажни приказни или лош животен стандард. Никој не сака да се влошуваат меѓуетничките односи или релациите со соседите. Луѓето живеат со надеж за нормален живот, за европска иднина. Сакаат своите деца да останат тука, но во услови на пристоен живот со добри примања,“ додаде Филипче.

Прочитајте и:  Реал Мадрид ќе настапува во Евролигата

Во продолжение, тој нагласи дека периодот на популизам и подели се ближи кон крај. Граѓаните веќе носат различни одлуки.

„Ерата на популизам, лаги и делење на народот полека завршува. На следните избори никој не може да се надева на успех со клекнување и делба на неосновани ветувања, бидејќи граѓаните веќе го прочитаа,“ заклучи Филипче.