По денешниот ден со најтрагичен биланс од почетокот на пандемијата во земјава, со порака се огласи министерот за здравство Венко Филипче:
„Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19. Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен
Есенскиот бран на вирусот ‘коси’ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран.
Очекувам итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени. Повикувам на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита“, пишува Филипче на социјалните мрежи.
Како што и самиот нагласува, денеска во болниците имало 596 пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19, што е четврти ден по ред откако болниците за првпат во земјава ја надминаа бројката од 500 хоспитализирани и истата секојдневно расте.
Како што информираше Министерството за здравство, во последните 24 часа на Инфективната клиника во Скопје се примени 17 пациенти, а вкупно има 137 хоспитализирани. 97 од нив се на кислородна поддршка, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 позитивни мајки, 3 деца и 1 мајка суспектни на ковид-19.
Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 57, а во болницата во Штип се 54 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 281 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
По денешните 561 новодијагностицирани, вкупниот број на активни случаи во земјата изнесува 7408. Од нив, 3562 се во Скопје, а предводи општина Аеродром со рекордни 699 активни случаи. Состојбата изгледа вака:
• Чаир – 166
• Гази Баба – 450
• Аеродром – 699
• Карпош – 547
• Центар – 519
• Кисела Вода – 417
• Ѓорче Петров – 286
• Бутел – 152
• Шуто Оризари – 26
• Студеничани – 7
• Сарај – 24
• Арачиново – 10
• Илинден – 63
• Сопиште – 30
• Чучер Сандево – 14
• Петровец –21
• Зелениково – 9
• Странец – 22
• Нераспределен- 100
На ниво на државата, дистрибуцијата на активни случаи изгледа вака:
• Скопје 11473, активни 3562
• Куманово 2124, активни 331
• Дебар 321, активни 57
• Штип 1548, активни 201
• Прилеп 1087, активни 316
• Тетово 1923, активни 408
• Струга 774, активни 78
• Велес 508, активни 151
• Битола 542, активни 182
• Охрид 604, активни 167
• Кавадарци 429, активни 176
• Гостивар 1105, активни 144
• Гевгелија 332, активни 180 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 736, активни 434
• Крива Паланка 204, активни 75
• Радовиш 201, активни 74
• Крушево 22, активни 2
• Кочани 644, активни 212
• Пробиштип 159, активни 29
• Демир Хисар 72, активни 10
• Македонски Брод 100, активни 4
• Пехчево 57, активни 9
• Берово 193, активни 57
• Валандово 92, активни 40
• Виница 163, активни 59
• Делчево 227, активни 128 (47 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 37, активни 11
• Свети Николе 452, активни 70
• Кичево 481, активни 124
• Ресен 224, активни 55
• Неготино 120, активни 62 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)