Фиксен телефон со Android од Panasonic

Panasonic наскоро ќе претстави нов фиксен телефон кој ќе работи на оперативниот систем Android и ова е навистина одлична идеја за која е чудно што досега никој не ја искористил.

Фиксните телефони се помалку се користат, па можеби ова е начин за нивно враќање во живот.

panasonic-1

Фиксниот телефон на Panasonic има изглед како и секој модерен смартфон со екран на допир со големина од 3.5 инчи, па дури и камера со ниска резолуција. Покрај стандардната конекција со фиксна линија ќе има и Wi-Fiза интернет, како Bluetooth и microSD мемориска картичка.

panasonic-2-580x430

Овој телефон ќе ги има стандардните опции за приказ на бројот на повикувачот, блокирање на повици како и телефонска секретарка која ќе сними пропуштени повици со пораки во траење до 40 минути. Благодарение на оперативниот систем Android 4.0 ќе може да инсталирате апликации но, со ограничена употреба поради слабите хардверски компоненти. За жал цената на овој уред изнесува високи 250 долари и тоа е неговата најголема пречка за поширока употреба.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -