Фиќо ако не те заебе…

40-тина подоцна, популарното „Фиќо“ сеуште ги излудува своите сопственици.

35-годишниот Италијанец Спартако Капон е жив сведок. Само неколку дена по купувањето на својот нов Fiat 500, Капон грабнал секира и го демолирал автомобилот.

Fiat-500C-convertible-2009-front-quarter-main[1]

Користејќи го нефункционалниот јавен превоз во северното градче Лисоне, Капон често доцнел на работа. Откако шефот го предупредил дека тоа може да го чини отказ, на човекот му се смачило. Тој ја собрал целата своја заштеда и ја потрошил на модерниот модел на Фиќо, со надеж дека ќе има една грижа помалку. Кога по само неколку утра го завртел клучот во бравата и сфатил дека уште еднаш ќе задоцни на работа… немало веќе назад. Ја земал секирата и го истурил сиот грев на малото, слатко и невино Фиќуле, претворајќи го во… швајцарско сирење.

Italian Driver Destroys Brand New Fiat With Axe

„Обично, кај инцидентите од ваков вид не се работи за уништување на своја кола, но тој успеа да докаже дека возилото е негова сопственост… Сметаме дека Капон мора да бил под голем притисок и сериозен стрес на работа во последно време, па тој беше однесен во болница каде докторите му помогнаа да се смири и го задржаа за направат неколку тестови“, рече локалниот полициски претставник за Central European News.

italian-destroys-his-fiat-500-with-an-axe-after-it-failed-to-start-88691-7[1]

Иако Капон сега се наоѓа на психијатрискиот оддел, тоа не значи дека е луд што помислил дека Фиќото е безвредно ѓубре од автомобил и ќе те остави кога ти е најпотребно. Неодамна, Fox News и Consumer Reports го прогласија Фиат за најнедоверлив автомобилски бренд на пазарот, а претходно спроведената годишна анкета на здружението го избра Fiat 500 L (малку поголем модел на Fiat 500, со 4 врати) за најнедоверлив автомобил на денешницата.

Штета за Капон, ама ако му е на Фиќото. За секоја кутра душа што во животов морала да го бутка.

Woman pushes her Fiat 500 car as her dog sits inside, in neighbourhood of Rome

- Реклама -