Фигаро: Бајден му даде сè на Израел, а Нетанјаху го чека Трамп

Фигаро

Додека израелската војна во Појасот Газа навлегува во четвртиот месец и бројот на загинати неверојатно се зголемува, политичката цена на безусловната поддршка на Бајден продолжува, пишува Фигаро.

Францускиот весник Фигаро објави дека американскиот претседател Џо Бајден, поради огромната воена и дипломатска поддршка за Израел, доаѓа во сè почувствителна позиција на локално и меѓународно ниво, што може да влијае на неговата политичка иднина.

Новинарот Адриен Жалмес во својата статија пишува дека политичката цена на безусловната поддршка на Бајден продолжува, додека израелската војна во Појасот Газа влегува во четвртиот месец и бројот на загинати се зголемува до неверојатна цифра.

На дипломатски план, пишува новинарот, Соединетите Американски Држави стануваат се поизолирани бидејќи се уште постои опасност конфликтот да се прошири на сите делови од регионот. На домашен план, Бајден се соочува со критики од внатре во неговата партија додека влегува во тешка кампања за освојување втор мандат.

Според една статија во Фигаро, Џо Бајден и неговата администрација се соочуваат со зголемени потешкотии да ја прикријат својата фрустрација од израелската влада на Бенјамин Нетанјаху, особено затоа што Соединетите Американски Држави се тесно поврзани со последиците од војната и се свесни дека немаат многу можности да влијаат на нејзиниот тек или на крајот.

Заладени односи

Повторените апели до израелските власти од страна на Бајден и неговиот државен секретар Ентони Блинкен, да ја земат предвид загриженоста на Америка, немаа никаков ефект.

Новинарот Жалмес наведува дека односите на Бајден со Нетанјаху се заладуваат, па Блинкен упати директни критики до израелската влада, откако претходно ги увери Израелците дека Соединетите Американски Држави „го поддржуваат Израел денес, утре и секогаш“.

Овие предупредувања не беа поефикасни од претходните барања на САД до Израел, се вели во написот на Фигаро. Дури и премиерот Бенјамин Нетанјаху јавно изјави дека „тој им кажал на САД дека се противи на принципот за формирање палестинска држава во секое повоено сценарио“ и додаде дека „премиерот мора да може да каже не, дури и на нашите пријатели. ”

Прочитајте и:  САД му испорачуваат на Израел дополнителни 12 ловци Ф-15

Ле Фигаро го цитира Џоел Бејнин, професор по историја на Блискиот Исток на Универзитетот Стенфорд: „Ова не е првпат да се појават големи тензии меѓу Соединетите Американски Држави и Израел. И покрај тензиите, Израел прави што сака и тоа се случува во моментов“.

„Не е изненадувачки што владата на Нетанјаху се спротивставува на сите американски инструкции и совети да ги прави работите на поинаков начин“, рече професорот, „но она што е ново е силното противење на американскиот народ на политиката на Израел, која зема замав во Вашингтон за првпат и е важна иницијатива на младите, па дури и во американските еврејски кругови“.

Јасни стратегии

Новинарот Жалмес истакна дека овие тензии ги надминуваат демонстрациите на пропалестинските активисти и дека се прошириле во Демократската партија. Група сенатори оваа недела поднесе резолуција со која бара американската помош за Израел сега да биде придружена со одредени услови.

Берни Сандерс, сенатор од Вермонт, рече: „Сакале или не, Соединетите Американски Држави се соучесници во кошмарот што го живеат милиони Палестинци денес“.

Сенаторката Елизабет Ворен од Масачусетс рече: „Со оглед на начинот на кој Нетанјаху и неговата влада ја водеа оваа војна, ние мора да поставиме сериозни барања пред да продолжиме со нашата поддршка“.

Новинарот наведува дека критиките со кои се соочува Бајден за поддршката на Израел во војната во Појасот Газа се сè позагрижувачка пречка за неговиот реизбор.

Професорот Бенин смета дека е многу веројатно претседателот Бајден да ја загуби државата Мичиген во ноември поради војната во Појасот Газа.

Од друга страна, аналитичарите блиски до демократите јавно го изразија својот сомнеж дека Нетанјаху не сака да ја земе предвид чувствителната ситуација во која се наоѓа Бајден.

Бенин вели дека е „јасно дека неговата стратегија (на Нетанјаху) е да го чека крајот на мандатот на Бајден и изборот на Трамп, додека Бајден нема стратегија“.

МИА

- Реклама -