ФИФА за судија на мечот Хрватска-Мароко избра Катарец кој „свиреше“ само на еден меч!

Дека ФИФА полека станува смешна организација зависна од тие што (им) даваат многу пари може да се види и со вечерашната одлука средбата за третото место на Мундијалот во Катар помеѓу Хрватска и Мароко да му ја довери на катарскиот судија Абдулрахман Ал Јасим, кој на Мундијалот „свиреше“ само на еден меч.

Тој ја делеше правдата на средбата од 1. коло од групната фаза помеѓу САД и Велс (1-1), по што заборавија на него, освен во еден случај кога беше делегиран за четврти судија на пресметката помеѓу Португалија и Уругвај. Комплетната судиска тројка во дуелот за бронзата е од домаќинот Катар, со што уште еднаш се покажа сервилноста на луѓето кои го предводат светскиот фудбал кон тие што (им) даваат многу пари.

- Реклама -