ФИФА воведе вонреден преоден рок


ФИФА ќе дозволи „флексибилност“ во летниот преоден рок во 2025 година за клубовите вклучени во Светското клупско првенство, но играчите чии договори истекуваат на половина од турнирот нема да бидат автоматски продолжени.

ФИФА ќе им дозволи на тимовите кои ќе го играат Светското клупско првенство следното лето вонреден преоден рок, еден месец пред официјалното отворање.

Така, на клубовите учесници на турнирот ќе им биде овозможен вонреден рок за регистрација на играчи од 1 до 10 јуни 2025 година. Сепак, играчите чии договори истекуваат до 30-ти јуни нема да можат да се пријават за Светското клупско првенство, па така на него доколку во меѓувреме не ги продолжат договорите, нема да може да настапат.

Во овој статус моментално има 52 играчи, Лука Модриж од Реал Мадрид, ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, Данило од Јувентус, танденот на Интер, Франческо Ачерби и Дензел Дамфрис…

Кога станува збор за играчи чии договори истекуваат во средината на натпреварувањето, клубовите „може да ги заменат играчите во ограничениот период на натпреварувањето од 27-ми јуни до 3-ти јули 2025 година во рамките на утврдениот лимит и во согласност со одредени ограничувања, според ФИФА:

Сепак, целта е да се охрабрат клубовите и играчите чии договори истекуваат да најдат соодветно решение за да го олеснат учеството на играчите, се додава.

На Светското клупско првенство што од 15-ти јуни до 13-ти јули ќе се одржи во САД, ќе учествуваат 32 клуба од шест конфедерации. Европа ќе ја претставуваат 12 клуба – Реал Мадрид, Челзи, Манчестер Сити, Баерн Минхен, Пари Сен Жермен, Интер, Порто, Бенфика, Јувентус, Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид и РБ Салцбург.

- Реклама -