Фидан: Израел се обидува да го вовлече Иран во војна

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан, на денешната средба со иранскиот колега Абас Арагчи, истакна дека „агресивниот став на Израел“ го принуди Иран да „преземе легитимни мерки“ како одговор.

– Нетанјаху постојано отвора нови фронтови во регионот … Опасноста војната да се прошири на цел регион не треба да биде потценета … Израел се обидува да го вовлече Иран во војна, истакна Фидан на заедничката прес-конференција со Арагчи во Истанбул.

Додека Арагчи го осуди „израелскиот режим (кој) не познава граници во воените злосторства што ги прави“.

Тој потенцира дека Техеран „поддржува постојан и непосреден прекин на огнот во Газа и во Либан“.

Во Истанбул вчера Арагчи учествуваше на состанокот „за Кавказ“ со министрите за надворешни работи на Русија, Ерменија и Азербејџан, под покровителство на турското Министерство за надворешни работи. Сите тие министри имаа кратка средба и со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант
- Реклама -