Fiat 500 со седум седишта пристигнува во јули

Семејството на Fiat 500L продолжува да расте. Италијанската компанија ќе го претстави третиот член чие име е 500L Living и практично претставува продолжена база на 500L.

Внатрешноста се разликува од базниот модел по тоа што ќе има место за седум патници, а надворешниот дизајн има одредени модификации, но ништо што би му дале нов стајлинг на изданието. Се разбира овде пред се мора да се обрне внимание на задниот дел. Таму е лоциран трет ред седишта, кој може да биде преклопен, па инженерите гарантираат рамен под и најголемиот багажник во сегментот – 638 литри.

110_500L-470-1

Веднаш по своето деби моделот ќе се нуди со четири различни мотори: 1.4 бензин со 95 КС, 0.9 TwinAir 105 КС, 1.3 MultiJet II дизел 85 КС, како и 1.6 Multijet II со 105 КС.

Fiat 500L Living ќе биде претставен следниот месец, кога ќе се истакнат и сите детали.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -