Фиала: Честитики за Северна Македонија и Албанија за овој успех, иднината на ЕУ е со вас и на дофат

„Честитики за Северна Македонија и Албанија за овој успех. Иднината на ЕУ е со вас и е на дофат. Ви посакувам што е можно побрзо да се придвижите кон нашето семејство“, изјави премиерот на Чешка, Петр Фиала, како претставник од чешкото претседателство со Советот на ЕУ.

„Сите ќе бидеме посилни токму поради вашиот избор што неколкупати беше ставен на тест“, порача Фиала, нагласувајќи дека особено го ценат тоа што стоиме заедно со ЕУ и нејзините политики соочени со руската агресија.

„Во денешна Европа мора да бидеме здружени што е можно повеќе. Чешка секогаш го поддржуваше проширувањето на ЕУ на Западен Балкан и тоа така и ќе остане. Почестени сме што ваков напредок се случува токму за време на нашето претседателство, но сепак мора да се заблагодариме и на француското претседателство за напорната работа и посветеноста, кои што ни дозволија да дојдеме до овој историски момент“, истакна Фиала.

Република Чешка и цела Европа, посочи тој, ја разбираат важноста од евроинтеграциите за нашите демократии, безбедност и развој на нашите економии.

Извор: МИА

- Реклама -