ФИА нема да организира замени за трките во Бахреин и Саудиска Арабија.

Формула 1: Промени во календарот поради тензиите на Блискиот Исток

Организаторите на Формула 1 донесоа непопуларна одлука која наскоро ќе биде официјално потврдена. Поради актуелната состојба и конфликтите на Блискиот Исток, трките во Бахреин и Саудиска Арабија најверојатно нема да се одржат.

Иако ситуацијата можеби ќе се стабилизира, времето потребно за организација на овие настани е премногу кратко. Фановите очекуваа дека трките ќе бидат заменети со други, но челниците на ФИА немаат намера да направат замени како во времето на пандемијата.

Според распоредот, трката во Бахреин беше закажана за 12 април, а трката во Саудиска Арабија за седум дена подоцна.