Берлин, 13 октомври 2021 (МИА) – Опасност да исчезне од спортската карта ѝ се заканува на Формула 1 доколку не бидат воведени промени, предупреди четирикратниот светски првак во Ф1, Германецот Себастијан Фетел.
„Формула 1 не е зеленa и тоа не е дискутабилно. Но, живееме во време во кое имаме технологија и можности да ја направиме Ф1 позелена без притоа да загубиме на спектакуларноста и страста“, изјави Фетел во интервју за германскиот весник „Ноен Оснабрукер Цајтунг“.
„Сега се водат важни разговори за тоа што би можеле да промениме во иднина. Доколку не се случат промени, не сум оптимист. Доколку нешто не се промени, Формула 1 може да исчезне“, предупреди четирикратниот светски првак Фетел.