Фетел спортист на Европа за 2012

Себастијан Фетел е најдобриот европски спортист за 2012 година во изборот што го организираше полската новинска агенција ПАП. Станува збор за традиционален избор што се одржува 55 години, а во кој што учествуваат дури 26 новински агенции од различни европски земји.

Фетел, кој што во голем стил стигна до својата трета титула во Формула 1 шампионатот, собра вкупно 137 гласа и сосема заслужено се закити со признанието пред британскиот велосипедист Бредли Вигинс, кој што освои 130 бода благодарение на триумф на Тур д Франс.

Третото место му припадна на британскиот атлетичар Мохамед Фарах, со само четири бода заостанување во однос на Вигинс.

Во Топ 10 листата на најдобрите европски спортисти за 2012 година покрај тројцата наградени се најдоа уште и Новак Ѓоковиќ, Андрес Иниеста, Енри Мареј, Кристијано Роналдо, Роже Федерер, Себастијан Лоеб и Раноми Кромовиџоџо.

- Реклама -