Фетаи: „Сочно ја опцув Јанева поради нејзината наредба да не претресуваат полицајци

Сочно опцув и тргнав во нејзината канцеларија за да видам зошто како обвинители кои 4 години се бориме за СЈО сега по нејзина наредба треба да бидеме претресувани. Таа беше излезена, а мене ми беше тешко и дури почнав да плачам поради таквото нејзино однесување, ни изјави телефонски обвинителката во СЈО Фатиме Фетаи, која по враќање од пауза била сопрена од полицаец на влезот во специјалното обвинителство за да и ја претресе торбата.

Фетаи вели дека полицаецот и кажал како наредбата е засите вработени во СЈО и дека претресите треба да се изведуваат и при влегување и излегување во зградата на Рузвелтова.

-Не може да сфатам како почна да се наредува такви работи откако ние 4 години по судници и секаде се бориме за СЈО, вели Фетаи за Телма.

Претходно наредбата за претрес и за забрана за излегување на службениците во СЈО пред зградата била кажана и на вработените во специјалното обвинителство.

Таа ни потврди и дека во понеделник сите присутни обвинители (бидејќи неколкумина се на одмор, а Стефанова беше на рочиште) биле на колегиум.

Според информациите на Телма, Јанева им викала дека треба да се држат заедно и доколку таа падне ќе ги повлекла надолу и ќе кажела што се слушнала за нив.

Од прес службата на СЈО нема реакција, а специјалната обвинителка Јанева не одговори на нашите телефонски повици.

Телма

- Реклама -