Ferrari лансира екстремно Laferrari

Ferrari планира да пушти екстремна верзија на својот најнов модел LaFerrari. Таа ќе се разликува од стандардната извадба со редукција на тежината, односно ќе изнесува околу 1000 килограми и повеќе моќ.

Ова го истакна за изданието Autocar, шефот на дизајн кај италијанската марка, Флавио Манцони.

-Кога го разгледувавме проектот на концептот LaFerrari слична модификација беше само една од опциите, па ни се виде мошне интересна. Решивме да ја оставиме за резерва, за да може во подоцнежна фаза да објавиме нешто навистина посебно, објасни Манцони.

Се очекува специјалната верзија на LaFerrari да биде целосно во духот на концептот MilleChilli, кој беше прикажан во централата на италијанскиот производител, во Маранело во 2007 година Од модификацијата ќе бидат пуштени само 10 примероци, а секоја од нив ќе чини меѓу 3,5 и 6 милиони евра.

479_Ferrari-470-1

Ferrari LaFerrari што беше прикажано на автосалонот во Женева во март, а ќе излезе во серија од 499 возила. Ѕверката има хибриден погон со вкупна моќност од 963 КЅ, во чиј состав влегуваат 6.3-литарски атмосферски V12 мотор со моќност од 800 КЅ, електромотор соуште 163 „коњи“, 7-брзински роботизиран менувач и комплет литиум-јонски батерии. Спортското купе забрзува до стотка за само 3 секунди, а максималната брзина му е 350 km/h. Цената му е 1,2 милиони евра.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -