Феноменалните подводни портрети на 27ММ

Енрик Адриан Генер, попознат под псевдонимот 27ММ, е уметнички фотограф од Менорка, Шпанија. Во 2008-та започнал да го истражува подводниот свет, особено преку призмата на портретиката.

underwater-portraits-by-27mm-6[1]

На прашањето што е неговата инспирација што го тера да прави токму такви фотографии, Генер превртува со очите. „Не го сакам зборот инспирација. Тоа означува нешто што доаѓа од божественото и натприродното. Мојата инспирација е да поминам што повеќе време под вода“, вели 27ММ. Додава дека секогаш ја има на ум мислата од Пикасо: „Инспирација постои, но мора да те затекне додека работиш“.

Ќе рече дека типичниот процес на подводно фотографирање е многу поедноставен од она како го замислуваат луѓето. „Само одам на море за да поминам убав ден. Едноставно одбирам фино место, фино друштво, фина вода и нешто за јадење, тоа е сé. Секогаш имам на ум дека најважно е да уживаме во морето, а потоа да правам фотографии. Причината да нурнеш во водата мора да е забава. Не сакам да правам фото-сесии со модели или странци. Изгледа премногу вештачки. Сакам да го овековечам нормалниот живот што ме опкружува. Некогаш можеш малку и да си играш со него, но само малку“.

За крај, омилениот цитат на 27MM, барем од оние кои зборуваат за она фасцинантното кај морето – оној на Жил Верн од „Дваесет илјади милји под морето“: „Морето е сé. Покрива седум-десетини од земјината топка. Неговиот здив е здрав и чист. Тоа е пространа дивина каде човекот никогаш не е сам, бидејќи го чувствува животот што бревта околу него. Морето е средина за чудесно, натприродно постоење; не е ништо друго освен проток и љубов; тоа е жива бесконечност. Морето е најголемиот природен склад. Преку него започна земјата и кој знае дали нема во него да заврши. Совршен мир живее таму. Морето не им припаѓа на тираните. На неговата површина неморални добра сé уште можат да бидат стекнати, луѓето можат меѓусебно да се борат, да се растргнуваат и да ги спроведуваат сите земјини свирепости. Но, триесет стапки под површината, нивната моќ престанува да постои, нивното влијание избледува, нивниот авторитет исчезнува. Независноста е возможна единствено овде! Овде не препознавам господари! Тука сум слободен!“

Сето кажано, во продолжение, низ фотографија:

underwater-portraits-by-27mm-1 underwater-portraits-by-27mm-2 underwater-portraits-by-27mm-3 underwater-portraits-by-27mm-4 underwater-portraits-by-27mm-5 underwater-portraits-by-27mm-7 underwater-portraits-by-27mm-8 underwater-portraits-by-27mm-9 underwater-portraits-by-27mm-10 underwater-portraits-by-27mm-11 underwater-portraits-by-27mm-13 underwater-portraits-by-27mm-15 underwater-portraits-by-27mm-21 underwater-portraits-by-27mm-31

- Реклама -