Феникс немаше милост: Гостивар не го преживеа пеколот во Скопје

Кошаркарите на Феникс 2010 вечерва во Скопје одиграа неверојатен натпревар и беа подобри од Гостивар со убедливи 84-66 во 11. коло на македонската Прва Лига.

Феникс создаде големо водство уште на стартот на натпреварот благодарение на серијата од 13-0, која ги однесе на +14 (21-7), а предноста ја задржа до крајот на првата четвртина. Гостивар доживеа целосен распад во вторите 10 минути, кога му дозволи на ривалот да избега на +31 (27-58).

Гостивар немаше решение за расположените кошаркари на Феникс, па во последната четвртина влезе со негатива од 24 поени (46-70), па до крајот успеа да намали само на 66-84.

- Реклама -