Фенерче од тегла

intro.jpg Еве една супер идеа! Сите сме запознаени со оние соларни фенерчиња кои што го украсуваат дворот на соседот. Е сега е време и вие да им го возвратите ударот.

Еве една супер идеа! Сите сме запознаени со оние соларни фенерчиња кои
што го украсуваат дворот на соседот. Е сега е време и вие да им го
возвратите ударот.

Се што е потребо е само една тегла, една LED диода и батерија.
LED диодата е околу 10 денари, батеријата е најмногу 40 денари, а теглата можете да ја пронајдете низ вашата кујна.

 2.jpg

Поврзувањето на диодата со батеријата се врши така што подолгиот дел од диодата го допирате на "+" страната од батеријата, а пократкиот на "-". 

3.jpg

 

Потоа обвиткајте со лента за изолирање како што е прикажано на подолу.

4.jpg
5.jpg

Внимавајте да не ја фрлите диодата во теглата, туку внимателно залепете ја на капакот од теглата и затворете ја.

7.jpg
8.jpg
9.jpg

За оние кои што сакаат да се изразуваат покреативно можат да користат и диоди во други бои и тегли во најразлични форми кои што би можеле да се постават на некои необични места.

- Реклама -