Десктоп корисниците на Фејсбук отсега можат да ставаат „реакции“ и на коментарите. Работи на ист принцип како и кај обичните објави.
Наскоро се очекува и во мобилната верзија, а тоа е поткрепено со фактот што од пред околу еден месец и Facebook Messenger располага со опцијата на реакции на обичните објави.
So yeah, уште да воведе реакции на реакциите, и евентуално реакции на реакциите на реакциите, и ќе можеме да ги фрлиме тастатурите и да коментираме само со маус.