Ве враќаме назад во детството.
Дали и вие како деца имавте лексикон, и им дававте на вашите другарчиња од одделение да се потпишуваат? Тогаш знаете како изгледаше тоа некогаш. Постоеше третратка која кружеше по зелените клупи и во која можевте да ги запишете највпечатливите моменти од дотогашните животи. Сите се запишуваа, без исклучок. На тој начин можевте да дознаете кој е заљубен во вас, која му е омилена песна и што сака да прави во слободно време…
Секако врвот беше прашањето „Кој ти е симпатија“, па секогаш го читавме засрамени, бидејќи нели тој/таа речиси секогаш беше дел од одделението.
Најчестите одговори на ова прашање беа: „Што ти е гајле?“, „Не ти кажувам“ и слични симпатични одбивања да се даде скокотливиот одговор 🙂
Прашања:
Како се викаш?
Каде живееш?
Колку години имаш?
Напиши го бројот на телефонот
Во кое училиште учиш?
Кој ти е омилен предмет?
Омилена храна?
Омилен пијалок?
Омилена книга?
Омилен пејач?
Пејачка?
Актер и актерка?
Кој ти е омилен филм?
Имаш ли сестра или брат?
Имаш ли симпатија?
Како се вика?
Кој ти е најдобар другар?
Која ти е најдобра другарка?
Омиелна боја
Што си во хороскоп?
Кое е твоето хоби?
Што мислиш за мене?
Омилен град?
Напиши нешто за крај…