Фејсбук започна со тестирање на својата нова услуга – платформа за групно финансирање на непрофитни организации.
Во иднина сите хуманитарни организации кои се залагаат за некоја цел ќе можат на социјалната мрежа да пронајдат место каде ќе започнат кампања, ќе соберат следбеници и ќе соберат парични средства за исполнување на своите цели.
Името на новата услуга е Fundraisers, а организацијата овозможува следење на својата кампања, ширење на свеста за целта, како и собирање на донации. Заинтересираните активисти и оние кои поддржуваат вакви акции со само неколку кликови ќе можат да донираат пари. Моментално услугата се тестира од страна на помал број организации во САД, а наскоро достапноста на сервисот ќе се рашири и кај останатите, најави компанијата.