Фејсбук ќе ги суспендира профилите со лажни имиња и псевдоними

Пред неколку дена, добар дел од корисниците на Фејсбук примија загрижувачка порака.

Се работи за голем процент од членовите кои своите Фејсбук профили ги користат под псевдоним, уметничко име или измислена верзија од вистинското име. При обидот за логирање, ги пречекало изненадување: „Вашиот профил е привремено суспендиран бидејќи се чини дека не го користите своето вистинско име“.

Во вториод дел од пораката, Фејсбук објаснува дека се што бара е да го промените своето досегашно лажно име и да го внесете вистинското.

Оваа одлука на најголемата друштвена мрежа може да има сериозни последици за многу корисници. Првенствено, тука се активистите за човекови права кои заради сопствената безбедност не го откриваат својот идентитет. Нормално, тука спаѓаат и музичарите, уметниците и други личности кои заради природата на нивната професија се презентираат во јавноста под различни имиња, наместо вистинските.

facebook-names

„Јасно е зошто е важно да го сочувам својот псевдоним – тоа е име што сите го познаваат и го поистоветуваат со активизам, важни друштвени прашања и настани!“, вели еден активист од областа на правата на ЛГБТ заедницата.

Од самиот почеток, Фејсбук охрабруваше користење на вистински имиња, ама до сега никогаш не се случило да биде санкциониран некој од оние што не се придржувал до препораката.

Се чини дека Фејсбук го стега обрачот во сите области од неговото користење, особено во напорите за идентификација на секој корисник, собирање на детални податоци и информации, ограничување на достапните содржини, ограничување на можностите на оние чија професија зависи од мрежата итн. Станува ли Фејсбук инструмент за контрола на населението или отсекогаш бил?

- Реклама -