Фејсбук (ќе) ви ги препознава лицата до степен на морничавост

Научниците во Фејсбук, чисто заради љубопитност, работат на тоа значително да го подобрат нивниот софтвер за анализа на лицата во фотографиите. Неодамна, тие се пофалија дека нивниот DeepFace софтвер може да спореди лица на две различни фотографии, со точност од 97.25 проценти.

Софтверот ги ротира портретите за да надомести за различните агли под кои се сликани фотографиите, притоа продуцирајќи конзистента нумеричка мапа на карактеристиките што можат да се споредат. Како што машините продолжуваат да ги анализираат фотографиите од познатите ѕвезди, софтверот константно напредува, а научниците велат дека полека се приближуваат кон точност од 97.55 проценти.

facebook-deepface-2-685x483[1]

MIT Technology Review не потсетува дека ова е стриктно лабораториско знаење, барем во моментов. Имено, DeepFace е софтвер што е задолжен за „фацијална верификација“, како што научниците ја нарекуваат, што всушност е процес што одредува дека две различни слики прикажуваат едно исто лице. „Фацијалното препознавање“, пак, е поинаков процес (тагнување на име кон лицето).

Фактот дека лицето на една фотографија е исто со лицето на друга фотографија не е многу корисен, ако притоа не е идентификувано лицето. Пред Фејсбук да може да ја искористи технологијата за некакви задни намери (давање информации на разни сомнителни агенции), ќе му треба голема датабаза од лица со прикачени имиња. Ох, чекајте, па веќе има таква датабаза?

- Реклама -