Фејсбук, Инстаграм и Ватс ап повторно се соочуваат со проблеми

Некои корисници на Фејсбук, Инстаграм и Ватс ап не можат да испраќаат фотографии, видеа и датотеки, објави ББС.

Портпаролот на Фејсбук, кој ги поседува сите три апликации, изјави за Би-Би-Си: „Ние работиме за да ги вратиме работите во нормала што е можно побрзо”.

Заедно, социјалните мрежи имаат милијарди корисници ширум светот.

Во март, Фејсбук и Инстаграм претрпеа најдолг период на нарушување досега. Проблеми, ги погодија двете апликации, како и Ватс ап во април.

Апликацијата на Фејсбук месинџер, која често се инсталира одделно, исто така е засегната.

- Реклама -