Фејми Даут од „Медена земја“ снима документарец во Вухан (Видео)

Од Холивуд во карантински град. Директорот на фотографија на „Медена земја“, Фејми Даут е во Вухан, Кина, жариштето на пандемијата. Даут за „Само Прашај“ пренесува каков е животот во местото од каде почна епидемијата на коронавирусот и се прошири во светот.

Тој во Вухан снима документарец во американско-кинеска продукција. Со филмската екипата се единствените странци во деветмилионскиот град кој е затворен од 28 јануари. И покрај целодневните снимања, со елан ни пренесува како изгледа градот на духови и што значи изолација на кинески начин: задолжителни маски и ракавици, танцувања на отворено за да се крепи духот и чување на сопственото и здравјето на другите. Феко, чувај се и едвај чекаме да го гледаме филмот.

- Реклама -